
Нови врнежи од дожд се очекуваат во наредниот период, но од ЈП Стипион велат дека се подготвени. Во периодот претходно се работеше на чистење на шахти, атмосферски решетки и канали дециден е директорот, Панче Стефановски. Тоа значи дека нема простор за паника и дека новите врнежи од дожд нема да преставуваат опасност за градот и останатите населени места во штипско.
„Ова е период кога се очекуваат почести врнежи, ЈП Стипион е подготвено. Ние како и секоја година периодично ги чистиме сите атмосферски канали и шахти. Оваа година чистењето започна во месец март, ги поминавме сите точки“ – вели Стефановски.
Во случај на поројни дождови очекувано е да има поголема количина на вода, вели Стефановски, но екипи на ЈП Стипион се на готовс за да се излезе и да се реагира навремено. Таков беше случајот и во текот на вчерашниот ден, кога се работеше на чистење на наноси, собирање вода и чистење на улиците во централното градско подрачје во Штип.
„Во случај на поројни дождови како во текот на вчерашниот ден очекувано е да има акумулација на вода. Но екипите на јавното претпријатие излегоа ажурно, ги поминаа сите критични точки, во централното градско подрчаје, клисурата и овие наноси беа исчистени навреме“ – додава Стефановски.
Во акцијата за расчистување на центарот на градот учествуваа и екипи од ТППЕ Штип. Тие заеднички со ЈП Стипион интервенираа во отстранување на дрвото паднато на коловозот кој води до штипската Клиничка болница.
„Вчера имавме интервенција, оти главната улица кон Клиничка болница беше попречена од паднато дрво. Во соработка со претпријатијата дрвото беше отстрането од коловозот и беше прооден патот.“ – вели Ренџов.
Како приоритетни локации за чистење се централното градско подрачје во Штип, течението на река Отиња како и останати критични точки.
Лаура Стојанова М-Нет