Нема нови рестриктивни мерки во образованието

Рестрикциите и ограничувањата моментално се дел од нашето секојдевие со цел да се спречи понатамошното ширење на Корона вирусот. Со Мерките и протоколите за заштита од невидливиот непријател веќе се навикнавме да живееме. За поголема и посигурна заштита се работи на воспоставување на сигурни мерки кои придонесуваат пандемијата да се надмине. Реформите во училиштата се доведени до степен да настава со физичко присуство посетуваат само учениците од прво до трето одделение. Останатите следат онлајн предавања. Но, колку досегашните мерки и реформи во училиштата ширум државата се доволни за спечување од ширење на Коивд 19. Според дел од граѓаните на Штип, мерките треба да се заострат, од друга страна дел од нив сметааат дека и ова е премногу и е на штета на учениците.

Во контекст на проектот „Учи паметно, работи стручно“  Министерката за образование и наука Мила Царовска, истакна дека нови рестрективни мерки во образованието не се предвидени бидејќи бројот на заболени од Ковид 19 ученици и наставници не е екстремно голем.

„Состојбата во училиштата е стабилна. Со физичко активно присуство последниот извештај покажува дека некаде околу 35 ученика и 60 наставници се заразени што е многу помалку од крајот на првото полугодие. Сите протоколи се спроведуваат, немаме ширење на болеста така да е стабилно. Засега не се размислува за поинакви мерки во училиштата“ – истакна Царовска.

Инаку во нашата држава образованието се одвива со тоа што дел од учениците од прво до трето одделение следат физичко настава, а останатите ученици практикуваат  далечинско учење односно онлајн настава.

Лаура Стојанова М-Нет