
На 51 ва редовна седница одржана од страна на Владата на Република Северна Македонија, усвоен е продлогот од страна на Комисијата за заразни болести за воведување на нов полициски час на територијата на државата од 22 до 5 часот и тоа почнувајќии од утре. Полицискиот час ќе трае до 22 март до 5 часот наутро и тоа како што истакна Премиерот Заев се неполни две седмици односно 12 дена. Воведувањето на повторен полициски час во нашата држава, излезе како предлог од страна на Комисијата за заразни болести и Министерот за здравство Венко Филипче, пред се заради трансмисија на вирусот преку собири групирања и непочитување на мерките и протоколите за носење заштитна маска. Според Филипче, граѓаните се опуштија со мерките, а истовремено бројките со ново заразени лица од овид 19 почнаа да се зголемуваат. Дека со воведувањето на нов полициски час ќе помогне да се намали ширењето на невидливиот непријател согласни се и штипјани. Според нив правилно е да има ново ограничување на движењето.
На денешната седница на Владата покрај одлуката за воведување на полициски час, донесена е одлука за двенеделен карантин на нашите сограѓани кои доаѓаат од Афричкиот континент, како и посебен државен карантин за граѓаните кои влегуваат во нашата држава од Афричките земји. Првиот полициски час на територијата на нашата држава беше воведен на 21 март минатата година со цел да се спречи ширењето на корона пандемијата.
Полицискиот час нема да се однесува и на лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, на лицата во животно-загрозувачка состојба и лицата кои одат на дијализа.
Лаура Стојанова М-Нет