
Дел од предизборните ветувања на градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов, реализирани, дел заради разни причини во фаза на мирување. Но, што се може да се заврши за десет месеци, и дали со слоганите „Продолжуваме да инвестираме“, „Не застануваме овде“ и слично се најавува и втор мандат на сегашниот татко на градот. Во последното гостување на М-Нет телевизија, Николов надоврзувајќи се на неговата изјава дека доколку се продолжи со вакво темпо Штип за четири години ќе добие вистински модерен и нов изглед, посочи дека и во иднина ќе се работи. Но, дали со него во градоначалничката фотелја.
„Како што кажав ако продолжиме со вакво темпо ние за четири години ќе немаме улица која што нема да биде средена, ќе немаме тротоари кои нема да бидат средени, ќе немаме населби во кои нема да биде направено поголем зафат со што ќе бидат задоволени сите граѓани и ќе ги имаат благодетите на 21 век“ – кажа Николов.
Дека се продолжува со темпо на работа, вложен напор и труд Николов потестува речиси на секое негово излагање. Пред неколку дена кога беше пуштена во употреба првата делница од експресниот пат Штип Радовиш, Премиерот Зоран Заев истакна дека 90% е задоволен од градоначалниците во Источниот дел од државата.
Сеуште останува неизвесност дали Николов ќе се кандидира уште еднаш за градоначалник на Општина Штип.
Лаура Стојанова М-Нет