
Нема ден без починати ковид пацинети во штипската Клиничка болница. Вчера беа регистрирани четири починати лица, денеска две едно од Делчево на 83 годишна возраст и едно од Кочани на 77 години. Во последните 24 часа новопримени се дури десет пациенти, а испишани само двајца. Со оваа статистика бројот на хоспитализирани е 45 од кои 42 на Инфективното одделение, три на Кожното и три лица се на дневна амбуланта. Од хоспитализираните 33 имаа потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се девет лица. Бројот на слободни кревети за ковид пациентите е 25 од кои 18 на Инфективното и седум на Кожното одделение, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во кочанската болница хоспитализирани се 13 пациенти, од кои седум се вакцинирани, а пет се на кислородна поддршка. Во последното деноноќие новопримени се две лица, испишани нема. Со оваа статистика бројот на слободни ковид кревети на Интерното одделение е 14 информираат од болницата.
Бројот на активни ковид случаи во општините од Истокот е 794, најмногу во Кочани 213, во Штип 198 и во Делчево 130. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена вклучувајќи го и Пехчево каде има активни 16 ковид случаи.
Од институтот за јавно здравје пак информираат дека во изминатата недела 49 граѓани се заразиле со корона вирусот по втор пат со што вкупната бројка се искачи на 870.
Според последните информации од Министерството за здравство досега во земјата од направени над еден милион и 450 тестирања, моментално активни има над 8200 слуачи, а над 7 и 400 го загубиле животот како последица од ковид 19.
Лаура Стојанова М-Нет