Нема веќе патлиџани, ул. „Панче Караѓозов“ во Штип конечно доби втор асфалтен слој

По безмалку две години работа, на улицата на која во септември минатата година растеа патлиџани денеска конечно се постави вториот асфалтен слој. Нема веќе подигнати шахти, газење по кал, нема веќе берење на патлиџани, улицата добива нов лик. Граѓаните кои живеат во овој дел од градот задоволни од направеното, дел од нив велат причините се оправдани поради кои улицата се работеше толку долго, за друг дел пак станува збор за незнање и немање желба од страна на надлежните.

Освен долгиот времнски период кој беше потребен за завршување на оваа улица несогласувања се јавуваа меѓу Локалната и Централната власт. Министерството за транспорт и врски со став дека улицата е нивни проект и средставата се обезбедени од нивна страна. Јорданов денеска истакна дека парите се обезбедени од Светска Банка а прокетот е на Општина Штип.

„Станува збор за една улица која во минатото беше доста коментирана. Еве, ова е завршната фаза од реализирање на овој проект. Улицата е финансирана од Светска банка. Сакам да појаснам средствата кои се обезбедени од Светска банка, аплицирани се преку Министерството за транспорт и врски, а прокетот е на Општина Штип“ – кажа Јорданов.

Оваа улица започна да се реконстуира во време на претходната Локална власт во Штип, се промени водоводната и канализациона мрежа па започна со тампонирање. Потоа следеа период во кои од тогашната опозиција се береа патлиџани и се бараше под итно нејзино асфалтирање, па следеше период на Локални избори. Откако се смени власта во Штип продолжија активностите за асфалтирање на оваа улица, се постави првиот асфалтен слој, денеска и вториот.

Инаку по завршување на овие активности, ќе се продолжи со асфалтирање на улиците Петти конгрес, Браќа Даневи и Солидарност. И за овие улици Јорданов истакна дека средства се обезебени од Светска Банка.

Лаура Стојанова М-Нет