Неколку краци од улици во населбата „Света Недела“ во Штип добија асфалт

Нов асфалтен слој добија неколку краци од улици во населбата Света Недела во Штип. Пред еден месец започнаа подготвителните активности за асфалтирање на неколку краци од улици, а денеска истите беа асфалтирани. Ова е по барање на жителите од овој дел од градот и пред камерите на М-Нет телевизија не го сокрија своето задоволство. Велат дека конечно нема да газат кал и прашина и добиваат асфалт на нивните улици.

За асфалтирањето во населбата Света Недела кое се реализира предвидени се околу 600.000 денари, пари од Буџетот на Општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет