
Некогаш со крпите на песокот, a денес на лежалки – модерното време го менува начинот на живот, а со тоа и годишните одмори велат штипјани. Децидни дека од година во година одморот преминува во голем луксуз кој не можат да си го дозволат сите граѓани. Во минатото било многу поефтино, па затоа и многу почесто се одело на одмор, а сега велат дека со вакви финансиски примања многу е потешко.
„Охрид одевме седевме на земјата, одевме на песокот седевме, лежалки немаше тогаш, не е имало, не беше толку многу модерно. Како и секој, кој како има можности. Па сеа некој со крпа, со лежалка. Било поефтино и се одило многу почесто, заминуваш на одмор а кога ќе си дојдеш, платата те чека, било по убаво и многу поубави услови е имало, било е поефтино, сега е многу тешко. Па има тука низ Македонија немаме надвор од државата излавано. Дојран, Охрид, Струга, нашите одмаралишта. Како ќе имаш пари така ќе одеш, секое време ако знаеш да ги вртиш парите ќе одеш на одмор, ако не знаеш ќе си седеш дома. Зависи кој има пари ќе оде, кој нема ќе си седе дома. Па најчесто Грција, Албанија, Црна Гора, има многу места, ако имаш опари многу места има.
Додаваат дека најчести дестинации за одмор се Грција, Албанија и Црна Гора, но не ги забораваат и убавините во Охрид како град кој е најпосетуван за време на летниот период. Посочиа дека убавините на Охрид се прочуени многу далеко затоа што е познат како Балкански и Европски Ерусалим, поради големиот број на манастири и цркви.
Лаура Стојанова, М-Нет