Неизвесна борба за место во плеј-офот во ракометната Суперлига, без промени во врвот и во долниот дел!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Нема промени во врвот од табелата во ракометната Суперлига, но и во долниот дел, неизвесноста и натаму е за местата кои водат кон плеј-офот.

Шампионот Еурофарм Пелистер со 45:31 однесе убедлива победа над дебитантот Бисинов, Куманово дома го загуби мечот со Тиквеш со резултат од 26:29, а пак Вардар со превисоки и убедливи 33:12 го декласираше Радовиш.

Лидерот Алкалоид славеше со 32:24 беше пресилен над Бутел Скопје, Пролет со 38:26 славеше сигурена победа над Струга, додека пак Охрид со 38:28 беше пресилен за Прилеп.

На врвот е Алкалоид со 26 бодови, колку што има и Вардар кој е втор, а пак шампинонот Еурофарм Пелистер е трет со 24 бодови. На 4. место е Охрид со 22 бодови.

Сега доаѓа таа неизвесна борба за последните две места кои водат кон плеј-офот, а борбата ќе ја водат четири екипи. Тиквеш е на 5. место со 15 бодови, а пак Бутел Скопје е на 6. место 14 бодови, овие две места водат кон плеј оф, а надвор од оваа зона се Пролет како седми со 13 бодови и Прилеп како осми со 12 бодови.

Речиси сигурно во плеј-аутот ќе играат Куманово кој има шест бодови и се наоѓаат на девет бодови, Бисинов е на 10. место со пет бодови, Струга е претпоследна со четири бодови, а на дното е Радовиш со само еден бод и единствен тим кој нема триумф.

Александар Ванев, М-Нет