Неговиот сон се оствари: Аљбан Ферати горд што ја носи капитенската лента на Шкендија Арачиново!

Шкендија од Арачиново има нова ѕвезда која ја добива тимот, а тој е Аљбан Ферати.

Талентираниот дефанзивец е дел од клубот уште од седумгодишна возраст, а по три години е префрлен во Академијата на прволигашот Шкупи каде остана цели 7 години.

За Ферати ова е втора сезона во Шкендија, а сега откако му беше доверена капитенската лента се чувствува неверојатно возбуден. На 35 натпревари има 32 асистенции за голови.

Со стартот на пролетната сезона во Третата лига – Север, тој е капитен на црвено-црниот тим од Арачиново. Ферати е несомнено горд бидејќи го оствари големиот сон да ја има капитенската лента на раката во Шкендија пред многу познати и искусни имиња во овој тим.

На крајот на краиштата, и тој е навивач за Шкендија од мал, секогаш бил тука во клубот. Тој е многу среќен што ја носи капитенската лента. Ферати е симбол на страста и посветеноста во Шкендија, растејќи во клупската школа, а потоа се развиваше во академијата на ФК Шкупи каде со сегашниот тренер Еркан Мурсели го освои младинскиот куп, а сега во Шкендија стана клучен играч за првиот тим.

Со само 20 години, тој веќе ги покажа квалитетите на лидер, освојувајќи ги срцата на навивачите за неговиот борбен стил и одличната техника во одбраната и опасните нафрлувања во нападот. Со Шкендија е на прагот да го оствари својот голем сон – промоција во Втората македонска фудбалска лига.

Александар Ванев, М-Нет