
Денес е Велики петок, најтажниот ден во годината, ден кога плаќат и небото и земјта. На овој ден Исус бил распнат на крст. Во црквите, манастирите и храмовите од утринава се служеа царските цасови посветени на погребението христово и неговото страдање.
„Во сите цркви и манастири од утринава се служеа царските часови, посветени на погребението христово, а се положи и плаштаницата на ковуклијата. Денес како што велат нашите предци и небото и земјата плачат и тажат заради неправедното убивање и распнување на нашиот спасител. но, сепак имаме радост дека тој ќе воскресне и ќе ни го покаже патот кон царството небесно“ – вели поп Добрица.
Верниците во Штип имаа можност да ги посетат градска црква Свети Никола, како и црквите во Ново Село и населбва Сењак. Сите со иста желба за велигденските празници да поминат во мир и хармонија.
Утре вечер пак пред полоноќ започнува големото повечерија и се слави христовото воскресение.
“Во сабота вечерта околу 11:30 часот почнува големото повечерие, се читаат каноните и потоа се излегува надвор пеејќи ја песната Воскресение твое христе Боже, се врти трипати околу Светиот храм и во 12 часот се чита предутреното евангелие, се пее Христос воскресна и се објавува воскресението христово“
Во недела се слави големиот Христијански празник Велигден.
Лаура Стојанова М-Нет