
Детски плетени чорапи, но и чорапи за повозрасни денеска можеа да се најдат на тезгата кај Маријана од Штип. Со љубов кон она што се работи, таа вели плети за да создаде ваков производ. Во разни бои и со разни дезени беа изложените чорапи за деца. Пред камерите на М-Нет телевизија вели потребно е еден ден работа за да се исплетат чорапите, но многу ретко се бараат. Ем се продаваат по ефтина цена, ем младите не ги купуваат.
„Тие се бебешки местички и малку потешко се изработуваат, комплицирани се, секој не може да го направе тоа, треба да имаш искуство. Јас ова го работам десет години, можеби и повеќе сум на пазарот, ама слабо не знам дали нема пари народот, не знам што е причината“ – вели Маријана.
Волна и материјали набавува сама, сама и работи бидејќи неа нема кој да ја населеди. Дополнително на ова занаетот изумира и нема кој да плети во иднина.
На тезгата на Маријана можеа да се најдат и плетени чорапи за повозрасни, како и венчиња за глава. Цената достапна за секој кој би сакал да си купи додава таа.
Лаура Стојанова М-Нет