
На 55-годишна возраст почина поранешниот градоначалник на Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев – Грга, оставајќи зад себе значаен белег во локалната самоуправа и општествениот живот во регионот.
Крстев ја извршуваше функцијата градоначалник во периодот од 2017 до 2021 година. Во текот на својот мандат беше активен во повеќе инфраструктурни и локални проекти, а важеше за човек близок до граѓаните и непосреден во комуникацијата со јавноста.
Според информациите, тој починал во Турција, каде што престојувал во изминатиот период.
„Карпата се сруши! Беше толку гласен, а си замина толку тивко! Секогаш и за сите беше тука, помагаше и спасуваше без размислување за кој и за каква работа стануваше збор!“ – напиша неговиот син на социјалните мрежи.
Веста за неговото заминување предизвика бројни реакции во јавноста. Граѓани, пријатели и политички соработници преку социјалните мрежи изразуваат сочувство до семејството, истакнувајќи ја неговата посветеност, ангажираност и придонес за развојот на општината.
Иван Митев, М-Нет