
Над 50 нови паркинг места ќе бидат уредени кај салата Јордан Мијалков во Штип. Денеска се работеше на рамнење и подготовка на просторот, за веќе утре да се пристапи кон негово асфалтирање. Целта е да се овозможат повеќе паркинг места на локација каде се одржуваат значајни спортски настани во Штип.
„Овде се задоволува потребата од паркинг простор кога има спортски настани. Одлучивме еден паркинг простор за повеќе од 50 места, а вкупната вредност е околу еден милион денари“ – вели Јорданов.
Дополнително се работи интезивно во населбата Сењак, како и во неколку останати населби во Штип. со цел подобрување на инфраструктурата со Штип ќе биде подобро место за живеење.
На изградба на паркинг места се работи и во централното градско подрачје. предвидени се три катни гаражи, а дополнително и паркинг платформи кои ќе овозможат полесно да се пронајде слободно паркинг место.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет