На 53-годишна возраст почина Иле Ордев, штипски борач

Почина Иле Ордев, познат борач во „Балканец“, кој со својот брат Димче ги бранеше боите на клубот. Во својот животен век тој има освоено неколку шампионски титули, настапувал во „Златните генерации“ од 1983 до 1995 година, кога овој клуб ја има освоено и првата титула во самостојна Македонија. Во поединечна конкуренција се памети како државен првак неколку години, и во младинска и во сениорска конкуренција. Учествуваше и на европски првенства и има богата боречка кариера.

Ордев донесе многу бодови за „Балканец“ со неговите боречки способности, а по успесите го паметат и штипјани.

Иле Ордев почина ненадејно, на 53-годишна возраст.

Ребека Спасова М-Нет