
Десет пара интервенти чизми, мобилни станици, моторни пили како и контејнери за селекција на отпад доби ДПД Кочани како донација од германската Амбасада. Проектот се спроведе во изминатиот период и истиот е од големо значење за друштвото оти на ваков начин граѓаните ќе добиваат подобри услуги. Од друга страна со селекција на отпадот ќе се обезбедуваат финасиските средства за самофинасирање на друштвото.
„Оваа опрема за нас е од големо значење оти ќе ги подигнеме нашите капацитети, а со тоа и граѓаните ќе добијат подобра услуга од наша страна. Преку овој проект се набавени десет пара интервентни чизми, мобилни станици, две моторни пили и две плазници. Преку овој проект се набавени и три контејнри кои ќе послужат за собирање и селекција на отпад“ – вели Илијев.
Задоволни од проектот се и од германската Амбасада од каде посочија дека на ваков начин се работи на безбедноста кај граѓаните, но и заштита на животната средина.
„Навистина сме среќни што го имплементиравме овој проект, првин заради заштита на безбедноста кај граѓаните на Кочани и околината, онаму каде што е активно ДПД Кочани, но исто така бевме воодушевени од фактот што ова друштво се занимава и со други видови на теми, а тоа е заштита на животна средина, за обуки кај најмладите, за здравје и безбедност исто така и со еколошки теми, а особен впечаток ни остави тоа што во ова друштво се повеќе се приклучуваат и лица од женски пол кои се активираат во волонтерска работа“ – вели Коберлинг.
Примопредавањето на техничката опрема беше реалозирано во кругот на Противпожарната единица Кочани.