
По завршувањето на судската фериа, сосема е извесно дека ќе продолжи судската пракса за онлајн судење. Осомничените за сторени кривични дела се надеваат дека токму состојбата на пандемија ќе им ги зголеми шансите да извлечат опаш.
Во штипскиот Основен суд, за обработка чекаат осумдесетина поитни предмети. Штипското судство и пред заминување на летен одмор ја обезбеди функционалноста во работата особено при постапувањето по итни и неодложни предмети.
Превенирањето на потенцијална и сериозна инфекција од Ковид-19 во детали ќе практикува и штипското судство. Оттаму велат дека ќе се почитуваат препораките на Комитетот за спречување на тортура, Советот на Европа, како и СЗО, се однесуваат на анулирање на употребата на мерката притвор, како и ублажување на казнената политика во поглед на затворските казни.
Значи ли тоа дека осомничените сторени кривични дела во иднина ќе можат да се надеваат на многу помали затворски казни или евентуална нивна замена со повисоки парични казни, засега е непознато.
Оваа судска Ковид пракса ќе потврди нов третман на злосторниците од страна на оние кои ќе им судат и пресудуваат.
Граѓанските спорови во услови на пандемија, немаат статус на итност објаснуваат од Републичката судска администрација. И штипскиот Апелациски суд ќе постапува согласно последната уредба на Владата на РСМ. Со истата се диригира начинот за постапување на сите судови и јавни обвинителства и обезбедување на двонасочна онлајн комуникација, што подразбира двонасочна комуникација без физичко присуство на странките и јавноста.
Пандемијата ги екипира и носителите на правото и правдата во Штип да вложат напор, со цел брза имплементација на препораките за превенција на ширење на појавата во и помеѓу притворската популација. И штипските судови во услови на пандемија ќе се раководат според Европската конвенција за човекови права, според која, секој обвинет има право пред независен и непристрасен законски суд да има фер судење.