
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (21/22.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на СВР Штип 1 лице не ја почитувало забраната за движење, при што истото е приведено.
Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 10 лица им се издадени решенија за изолација, а 6 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се 91 контрола кај лица во изолација и 240 на самоизолација.