На денешен ден излезе во печат првата граматика на македонски јазик што ја напиша Круме Кепески

На денешен ден 26 јануари 1946 година, излезе од печат првата граматика на македонски јазик што ја напиша Круме Кепески.  Граматичар, собирач на македонски народни умотворби. Со граматиката Круме Кепески ја развил свеста на Македонецот за сопствениот литературен јазик. Поставеноста на јазикот и припадноста на идентитетот на македонскиот јазик кој со тоа  успеал да ја разбуди свеста кај народот.

Поради глобалната пандемија, за жал ќе нема одбележување на настани. Но преку он-лајн програмата на учениците ќе им се претстави содржината на граматиката. Која е разликата од првата граматика, па се до денешните граматики.  И за кои измени станува збор кои ги претрпела?

„Заради моменталната состојба нема да можеме да одржиме настани. Но, преку он-лајн ќе го одбележиме овој голем ден за Круме Кепески. Преку раскажани настани, ќе зборуваме за измените од првата граматика па се до денешната. Да го одбележиме овој ден бидејќи, нам ни е значаен“. Изјавува, Митев

На прашањето колку се почитуваат граматичките правила и какво е познавањето од страна на учениците? „Во врска со почитувањето на граматичките правила, не се почитуваат многу. Но, имаме солидно познавање од учениците“. Изјавува, Митев.

Почнувајќи од првата граматика кои се измените и дали постојат поголем број на печатени македонски граматики? На прашањето  колку ние го почитуваме и цениме македонскиот јазик? Ние го почитуваме и цениме македонскиот јазик, но секогаш можеме повеќе во врска со тој дел да се потрудиме и да знаеме да ја цениме нашата граматика и да ја пренесуваме на идните генерации. Изјавува, Митев

Бројката на идни македонисти, за разлика од минатата година е поголема, со надеж дека ќе продолжи да се зголемува. Делото на Круме Кепески ќе се памети како едно од позначајните дела што ние ги имаме. Треба да го цениме, почитуваме и чуваме. Бидејќи, го поседуваме највредното како што е граматиката. Изјавува, Митев

Надица Стојковска/ М Нет

Даеко Лазев/ М Нет