
Низа стари верувања, адети и обичаи поврзани со денешниот празник Благовец се практикуваат и денеска. Златираите од утринава се најпосетени, бидејќи останало традиција на овој ден родителите да им стават обетки на своите деца. Одзив има од утринава посочуваат од златарите од каде посочуваат дека процедурата е безболна и сигурна.
„Има одзив бидејќи од времето е останато дека на Благовец се дупчат ушите на децата, има одзив. Процедурата е – обетките се ставаат на соодветно пиштолче, не се пипаат со рака никако, заради хигиена и за да не дојде до некоја инфекција. Безболно е, обетките се стерилизирани, слободно може понатаму дечињата да ги носат. Треба да се носат најмалку барем еден месец, може и подолго време. Треба да помине подолг временски период за да може делот каде е избушено увото да фати кожичка“ – вели Гаврилов.
Нус појави не се честа пракса вели Гаврилов, со оглед на фактот дека обектите кои се ставаат се проверени и се безбедени.
„Не, со овие обетки кои ние ги користиме нема нус појави, фабрички се направени, пиштолот ги зема од пластиката и не се фаќаат со рака.“ – додава Гаврилов.
На овој ден освен што се на децата им се ставаат обетки, се верува дека ако се засадт тикви истите ќе бидат благи, на овој ден се враќаат птиците преселници дури и ако врне снег.
Лаура Стојанова М-Нет