Шишкова: 13 месечното дете од Свети Николе заразено со морбили е во добра состојба

Во добра здравствена соостојба е 13 месечното дете од Свети Николе кое беше заразено со морбили. Ова го покажаа денешните резултати од контролниот преглед на Инфективното одделение при Клиничка болница Штип.

„Детето на 13 месечна возраст кое беше болно од морбили го испишавме минатата недела, денеска беше закажан контролен преглед. Детето е во добра здравствена состојба, без температура, без потешкотии, без кашлица.“ – вели Шишкова.

Посочи дека будноста на педијатрите и на матичните лекари е на високо ниво, секој сомнителен случај се препраќа на штипското Инфективното одделение.

„Ни беа испраќани пациенти со исип, под сомнение дали се работи за морбили, за дијагностицирање на болеста, но станува збор за други исипни заболувања. Така да единствен случај на морбили е 13 месечното дете“ – рече Шишкова – Гајдарџиска.

Портпаролот на Комисијата за зарани болести, доктор Злате Мехмедовиќ вели дека немаат регистрирано нов случај на морбили во земјава. Се уште се истражува како 13 месечното дете се заразило, кое пред да биде хоспитализирано било и на прегледи и во Скопје.

Лаура Стојанова М-Нет