
Како извор за затоплување граѓаните на Општина Делчево, сеуште најмногу го користат огревното дрво. Како најевтина опција дрвото во Делчево и околните места е застапено дури и над 80%.Иако еколошки најштетно во споредба со другите енергенси за затоплување,загадувајки го воздухот, сепак Делчевчани не се откажуваат, се снабдиле со доволни количини за оваа грејна сезона и тоа претежно од сопствена шума или од приватниот сектор.

Во државата со огрево дрво се греат над 60 % од семејствата, во услови каде во некои градови има гасовод се греат на гас, во Скопје во голем процент е застапено централното греење и греењето на нафта а во последно време се позастапени се и пелетите, како една од поеколошките варијанти, но најевтино е сепак дрвото. Еден просторен метар огревно дрво во приватниот сектор во делчевскиот регион се продава од 2500 до 3000 денари.
Од Подружницата на Македонски шуми „Голак Делчево” велат дека физичките лица годинава во 95% се снабдени со дрва од нивна страна. Испораката оди според нивното пријавување и исплатата на предвидените рати, кои ги нуди Подружницата. Испораката за институциите, кои со огревно дрво се снабдуваат од Подружницата на Македонски шуми се врши тековно според потребата.Цената на еден просторен метар во Подружницата е иста 2580 денари за бука и 2680 денари за даб. Во врска со дрвократството од Подружницата велат дека проблемот се провлекува години наназад.
Сунчица Маринкова – Сосиева М Нет