
Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, е позитивен на Ковид 19. И покрај почитувањето на мерките за заштита од Ковид 19, денеска тестот му излегол позитивен. Анастасов првите симптоми ѓи почувствувал уште во петокот од кога е и во изолација.
Во Општина Пробиштип,од почетокот на пандемијата има вкупно 235 позитивни на Ковид-19, а моментално се активни 77 лица. Исто така, Општината веќе 3 дена работи во две смени со цел заштита и превенција од Корона вирусот. Лицата кои се во самоизолација или се позитивни на Ковид 19, совесно ги извршуваат своите работни задачи од дома со што нема прекин во работата, вели Анастасов