Најдобрите атлетичари во Штип: Ивановски прв десет километри, Ристиќ прва на пет, второ место за штипјанецот Арсов

Со рекорден број на пријавени учесници вчера во Штип се одржа второто издание на трката Супериор Ранс. На второто издание пријавени беа 1.415 учесници, од кои имаше и меѓународни тркачи односно од Чешка, Хрватска, Грција и Србија.

Трката се одвиваше околу коритото на реката Отиња, до штипско Ново Село, покрај споменикот „Кирил и Методиј“, покрај општината, паркот „Пролече“ до стартната точка.

Најдобрите тркачи од Македонија беа собрани на едно место, а на трката од 10 километри сосема очекувано на првото место беше Дарио Ивановски, нашиот најдобар атлетичар.

Ивановски даде изјава за телевизија М Нет каде вели дека ималo двојно повеќе публика од минатата година, а тоа многу му се допаднало и додаде дека уживал додека трчал низ Штип.

Младиот штипјанец Александар Арсов го освои второто место на трката на пет километри, а за М Нет вели дека трката била одлична, додава дека патеката во Штип била една од најтешките во Македонија и откри што следно ќе има на негов план.

Билјана Ристиќ на трката на пет километри го освои првото место, а во изјавата за телевизија М Нет вели дека првпат е во Штип и првпат ја трчи оваа трка, Ристиќ додава дека е задоволна од самиот резултат и вели дека патеката е одлична.

Ова беше второто издание на трката во Штип, а на која учество зедоа над 1400 учесници од Македонија и странство.

Александар Ванев, М-Нет