Николов со повторно ветување на бесплатни маски за штипјани доколку седне во градоначалничката фотелја

Во време на сериозна пандемија со Ковид 19, во Општина Штип за неполна недела дена се закажани предвремените избори за градоначалник. Предизборната кампања веќе е во полн ек. Од Социјалдемократскиот сојуз, со повторно ветување на бесплатни заштитни маски и соработка со доброволни организации излезе кандидатот за градоначалник д-р. Сашко Николов.
„Како доктор и како иден градоначалник на Штип, почитувајќи ги моралните и етички принципи се обврзувам да направам се, јавното здравје да е во сигурни раце. Веднаш по моето стапување на функција како градоначалник на Општина Штип, ќе иницирам формирање на доброволен фонд, каде што ќе обезбедиме бесплатни заштитни маски за секој штипјанец.“ – беше дел од изјавата на Николов.
Со сведоштво за натчовечките напори кои ги прават здравствените работници, Николов упатува апел до граѓаните да им помогнат на медицинските лица во борба против невидливиот непријател.

Лаура Стојанова М-Нет