
Традиционално и оваа година се одржа натпреварот во Прва помош организиран од страна на Црвен Крст. Во основното училиште „Ванчо Прке“ денеска шест екипи основци и средношколци се натпреваруваа во три категории и ги покажаа своите вештини научени во изминатиот период за пружање прва помош. Повреда на рака, нога, изгореници, повреди од електирчна енергија беа само дел од повредите со кои се соочија натпреварувачите на терен. На натрпеварот имаше и забавен дел, а сите победници на крајот добија пехари за освоено прво место.
„На општинскиот натпревар по прва помош учество зедоа шест екипи, три од основните училишта и три екипи од средните училишта. Натпреварот беше во една траекторија со шест работни бази, од кои три беа од областа на првата помош, една од забавен карактер и една дисиминација. За успешна реализација на настанот беа ангажирани судии, двајца шминкери како и голем број на волонтери кои тука за логистичка поддршка на натпреварот.“ – вели Димитровска.

Целта на ваквитенатпреварувања е младите уште од најмала возраст да научат да даваат прва помош кога тоа е најпотребно. Доктор Мери Шорова која денеска беше еден од судиите на натпреварот вели дека радува фактот што има млади кои знаат како и кога да пружат прва помош.
„Овој настан е навистина прекрасе, втор пат сум судија на еден ваков натпревар и морам да кажам Црвениот крст навистина прави напори и овие натпревари се дел од нивната иницијатива да се подигне јавната свест за тоа што значи прва помош, колку многу е потребно да знаат уште од најмала возраст да пружат прва помош.“ – вели Шорова.
Праксата од годините претходно покажала дека интересот кај младите да бидат дел од тимот на Црвен крст постојано се зголемува, со што тие се едуцираат и ова е корисно за нив и целото општество.
„Традиционално се одржуваат овие натпревари, оваа традиција да се едуцираат младите е установена со години и сметам дека е корисна.“ – вели Манева – Самарџиска.

Инаку претходниот месец учениците од основните и средни училишта во Штип имаа обука од страна на Црвен крст за да може да се подготват за денешниот натпревар, а ги изучија сите можни повреди кои беа застапени на натпреварот.
Лаура Стојанова М-Нет