Намален бројот на живородени деца во првото тримесечје, во Истокот се родиле 208 бебиња

Бројот на живородени деца во првото тримесечје од 2023 година споредбено со истиот период лани е намален за 8.8% – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јануари, февруари и март во државата се родиле 3 656 живи деца, а од нив 208 се во Источниот дел. Двоцифрено намалување бележи бројот умрените лица во првото тримесечје од 2023 година од 29.5 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година и изнесува 5 233 лицa, од кои 563 се во Истокот. Природниот прираст е негативен – 1 577 лица што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Во општините од Истокот најголем број на живородени деца има во Штип 74 идентично како и најголем број на мртви деца односно 142.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 2.9 % во споредба со истиот период од 2022 година и изнесува 2 396 бракови. Во ова тримесечје се добиени 336 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 26.8 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година.

Лаура Стојанова М-Нет