Натпреварот меѓу Македонија и Велс запре во 59. минута во чест на жртвите од големата трагедија во Кочани

ФОТО: М Нет телевизија

Синоќешниот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија беше исклучително емотивен после големата трагедија која се случи во Кочани, каде животот го загубија 59 лица.

Во нивна чест натпреварот меѓу Македонија и Велс кој се играше на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје запре во 59. минута.

Натпреварот започна со минута молк, Македонија и мечот против Велс го играше во црната гарнитура на дресови како и тој во Вадуц против Лихтенштајн, а на левата рака фудбалерите и на двете репрезентации носеа црни траки.

„Беше навистина тешко да се играат овие два натпревари како што знаете што се случи во Кочани им благодарам на целата јавност и публика што во голем број и што ни даде поддршка во овие 90 минути. Навистина е жално тоа што се случи, но животот продолжува, нека почиваат во мир“, рече Миовски.

Натпреварот започна многу емотивно пред интонирањето на химната на Македонија.

ИЗЈАВА 20250325_230435 Елиф Елмас, репрезентативец на Македонија 01:35 (поминавме тешки седум дена) до 02:02 (жално и тешко ми е)

„Поминавме тешки седум дена беше емотивно и навистина тешко после еден ваков период, да излезете и да играте натпревар, тешко и навистина жално какви музички артисти загина исто така и млади луѓе само можам да кажам лесна им земја. Не знам што да кажам, жално е и тешко ми е“, рече Елмас.

Македонија ремизираше со Велс во Скопје откако одиграме 1:1.

Александар Ванев, М-Нет