Наскоро ќе се знаат кандидатите за градоначалници во општините Кочани, Виница и Чешиново-Облешево

Наскоро ќе се знаат кандидатите за градоначалници во општините Кочани, Виница и Чешиново Облешево, рече денес премиерот Христијан Мицкоски од Кочани. Во својата изјава тој потенцираше дека се уште се разгледуваат имињата, со што многу скоро ќе се дознае кои ќе бидат претставниците на овие општини. Прашањето останува, кои ќе бидат новите лица од ВМРО ДПМНЕ во овие оптшини

,,Имаат и други општини, да речеме Берово, Пехчево, Делчево, Штип, Лозово, Карбинци и така натаму. Ако гледаме регионално ги мериме се уште неколку имиња и многу скоро излегуваме со резултати.“, рече Мицкоски

Инаку, дополнително во изјавата, премиерот прашан дали има некој кандидат за градоначалник од коалиционите партии, премиерот рече дека нема и дека многу скоро ќе излезеат со точните имиња кандидати за градоначалници во општините, каде што се уште не се знае.

Иван Митев, М-Нет