Наскоро почнува реализацијата на проектите, кои општините ќе ги реализираат од унгарскиот кредит

Наскоро почнува реализацијата на проектите кои општините ќе ги реализираат од унгарскиот кредит. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска од Штип рече дека е задоволен од работата на општините, заради тоа што повеќе од 200 од вкупно 288 проекти што се контрактираа за да добијат средства од централниот Буџет, веќе се склучени договорите и ќе влезат во фаза на изведба. Само два од овие 288 договори ќе треба повторно да се објават заради технички проблеми заради јавните набавки.

По владина седница на 27 јануари ќе се очекуваме да се објави датумот за вториот јавен повик, додава Перински

Општините во земјава веќе ги имаат подготвено проектите со коишто ќе конкурираат во февруари за средствата од втората транша на унгарскиот заем. М нет претходно објави дека Општина Штип за вториот повик ќе конкурира со девет проекти, чија вредност е околу 6,5 милиони евра. Со овие пари ќе се градат скада системот, платформа за паркирање кај соборниот храм Свети Никола, градинки, улици.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет