Наместо парк граѓаните кај „Промаја“ во Штип добија бучава, излегуваат на протест во недела

Наместо ветеното детско игралиште од пред 20 години или пристапен пат до зградите жителите од зграда Промаја во Штип се соочува со непроодни тротоари, заробени улици и бучава. Деновиве пак и машини работат пред нивните згради бидејќи на ова место треба да никнат нови гаражи. Револтирани велат надлежните ветувале едно, ама граѓаните добиле сосем дргуго.

„Секој градоначалник што доаѓа на власт ветува дека ќе се направи нешто. Овде пред 20 години ни ветија игралиште, ама нема ништо.

„Ние сме објанувале многупати, јас шест месеци со патерици одив, траживме пат да ни направат, една година чекаме за пат да ни направат“

За просторот пред нивните згради велат не треба да биде наманет за на него да се изградат згради или гаражи. Никој не ги известил што овде ќе се гради, ниту кој ќе гради. Одговор пробале да добијат и од општината, ама велат безуспешно. Поднеле и петиција, а за во недела е најавен протест, бидејќи велат не се почитува ниту Законот, ниту постапката за градба.

„Каде дадеа оглас, никој не разбра. Пред шест години му е дадено дозвола на некој. Законот вели во рок од девет месеци треба да почне со работа, а во рок од две години да зврше“

„Тука е постапката погрешена. Треба секој градоначалник да дојде и да разговара со нас. Секоја зграда има темели, значи во постапката е проблемот.“

За случајот се запознаени и од Општина Штип. Градоначалникот Јорданов истакна дека просторот е продаден пред пет години на приватно лице и сега општината нема надлежност да интерневира на оваа локација. Предвидено е да се зградат шест гаражи, а општината може да делува само ако не се почитува предвидената градба.

Лаура Стојанова М-Нет