Наместо дома, штипските пензионери во акција

Здружението на пензионери-Штип денес за своите членови на 5 пункта на подрачјето на општина Штип подели околу 2500 заштитни маски и ракавици, а донираше и по 100 заштитни маски на Здружението на трудови инвалиди и здружението на слепи од Штип. Оваа акција ќе продолжи и понатаму, велат од Здружението, но со апел до пензионерите – ДА СЕДИМЕ ДОМА И ДА ГО ЗАШТИТЕМЕ ЗДРАВЈЕТО НА НАС И НА НАШИТЕ НАЈБЛИСКИ.