
По завршувањето на репрезентативната пауза овој викенд или поточно во недела ќе се одиграат натпреварите од 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Дуелот меѓу Гостивар и Вардар наместо во Штип, ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а во Скопје ќе се одиграат уште две мега средби. На Чаир ќе се одигра дербито на колото меѓу Шкупи и Шкендија, а пак на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се одигра мечот меѓу Работнички и Тиквеш.
Во Охрид ќе се соочат Воска и Силекс, во Струмица ќе играат Брера и Беса од Добри Дол, а пак во Битола соочување на повратникот Пелистер против шампионот Струга Трим Лум.
И сега одново се отвара прашањато за кое постојано зборуваме, сите натпреварите се играат во ист ден и во ист термин и автоматски имате можност да проследите само еден натпревари.
Постојано го поставуваме прашањето и разговараме на темата зошто натпреварите од Првата лига, ако веќе е елита не се одиграат по два натпревари во петок, сабота и недела или да имаме еден во петок како најава на колото по два во сабота и недела и еден во понеделник како затварање на колото, овие два натпревари во сабота и недела да се одиграат во различен термин со тоа се овозможува повеќе публика на стадионите, но и повеќе гледачи пред малите екрани, или едноставно на секој кој го следи македонскиот фудбал, на тренери и менаџери, на играчи, но и на публиката им се овозможува да ги следат сите натпревари, отколку како сега кога се играат во недела сите од 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет