
Намален бројот на ученици во основните и средните училишта во државата. Според последните податоци на државниот завод за статистика за 0,8 проценти е намален бројот на учениците во основните, а за 0,2 проценти во средните училишта во однос на претходната година. За ситуацијата повозрасните анкетирани велат дека речиси во секоја куќа има некој во туѓина. Според нив иселувањето е најчесто поради самиот тренд. Децидни се тие дека и таму е веќе далеку од исплатливо.
Повозрасните се уште стојат со ставот дека и во Македонија има за живеачка. Потребно е работа ќе речат тие.
Во согласност со ситуацијата и според проценките на Светска банка, пак, дури 40 отсто од високообразовниот кадар од Македонија ја имаат напуштено државата изминатата година.
Иван Митев, М-Нет