Намалени цени на пазарот во Штип, морковот, тиквата и брокулата со значителен пад

Намалени цени на денешниот пазарен ден во Штип. Морковот, тиквата и брокулата со значително намалување. Што се однесува до купувачите, сепак растот на пензиите и овој петок недоволен за да се купи се што ќе се посака. Празници дополнителен удар вез џебот на граѓаните, па затоа остануваат со решението да купат во помали количини.

Продавачите велат дека особено овој петок, граѓаните не треба да се жалат за цените. На поголем дел од производите, според нив е забележителен значителн пад.

Инаку, од овој петок започнаа да се продаваат и првите јагоди од оваа година, чувани под фолија на прилагодена за нив температура, не прскани и како што велат производителите природни и корсни за човека

Иван Митев, М-Нет