
По шест месечна пауза и под строго почитивање на заштитните протоколи започнаа пинг – понгарските возбудувања во Супер лигата на Македонија. Со одигрување на првото коло се надзираат фаворитите барем на хартија, но очигледно дека според квалитетот што го имаат во оваа сезона ќе предњачат штипскиот тим Шампион ФА и прилепскиот Младост 96. Штипјани предводени од играчот и селектор Сашко Богатинов имаа фуриозен почеток, тие во Скопје просто ја прегазија екипата на Вардар победувајќи ја со резултат 4:1. Сашко Богатинов беше творец на две победи , Филип Младеновски и Дамјан Стојчев остварија по една победа а тимот го сочинуваат уште Александар Кралев и Зоран Димитриевски.
Еве ги комплетните резултати од ова прво коло:
Шампион ФА – Вардар 4:1
Младост 96 – Младост 4:1
Крива Паланка – Радовиш 2:4
Телеком НЕЦ – Работнички 2:4
Телеком НЕЦ 2 – Струга 4:3
Според информациите од Сашко Богатинов сите натпревари во рамките на Супер лигата на Македонија ќе се одржуваат во салата Борис Трајковски во Скопје. Затоа пак во Штип под раководство на селекторот Сашко Богатинов во Штип од 23 – 27 септември во салата на Текстилното училиште ќе се одржат подготовките на младинската репрезентација на Македонија. Под покровителство на Пинг – понгарската федерација на Македонија и на Агенцијата за млади и спорт во работата на селекторот Сашко Богатинов ќе му помага еден професионален тренер од Србија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk