Над 750 илјади вакцинирани граѓани на вакциналните пунктови во државата

Помалку од 150 закажани ревакцини за денес на вакциналниот пункт во Штип. Од нив дури 72% веќе беа аплицирани претпладнево, до 11:30 минути, информираше заменик координаторката за вакцинација, Викторија Љубоивов

„Денес се закажани 130 ревакцини. Досега вакцинацијата е со уреден тек, имаме 93 ревакцирани пациенти, од кои сите доаѓаат во терминот во кој се закажани. До овој момент имаме 13 први дози“, информираше Љубоивов.

Граѓаните кои ги затекнавме додека доаѓа во своите закажани термини велат дека пред сè причина за ваквата одлука е здравјето. Меѓутоа, и покрај препораката за имунизација, велат дека секој треба по сопствена волја да се одлучи на ваков чекор.

„Втора доза, „Фајзер“. Не, немав до сега некакви компликации. Еве, сега само што ја примив втората. Причината, нормално, е да се заштитиме, еден живот имаме. Нека се вакцинира секој, па сега за кој – како… “

 Во текот на вчерашниот ден на вакциналниот пункт во Штип биле вакцинирани 200 граѓани. На територија на цела држава, пак, 13.493 граѓани, од кои прва доза вакцина примиле 2.057 граѓани.

Досега вкупно се аплицирани 1.411.735 дози вакцини, а ревакцинирани се 647.769 граѓани.

55% од населението над 40 години и 30% од населението над 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина.

Барем една доза вакцина примиле вкупно 761.579 граѓани.

Ребека Спасова МНет