
Нови 1540 канти за ѓубре обезбеди ЈП „Исар“ за потребите на граѓаните во Штип. Кантите се обезбедени по цена од 1020 денари, а за истата сума ќе им бидат достапни и на штипјани. Директорот, Трајан Коцев истакна дека канта може да добие секој граѓанин кој има потреба, оние кои редовно плаќаат вода може канта да добијат на пет месечни рати и да ја плаќаат заедно со сметката за вода, за разлика од останатите кои треба да ја платат кантата во готово.
„Би сакал да ја известам јавноста дека набавката за канти е спроведена, обезбедени се 1540 канти. Цената на кантите е 1020 денари односно толку колку што ги набавивиме со одлука на Управен одбор и менаџерскиот тим на ЈП „Исар“ одлучивме да биде таа цена. Исто би сакал да напоменам дека граѓаните кои се редовни плаќачи на вода кантите може да ги добијат на пет рати, додека останатите ќе треба да платат во готово“ – кажа Коцев.
Праксата од претходните години покажала дека на годишно ниво се побаруваат од страна на граѓаните околу илјада канти за ѓубре. ЈП „Исар“ оваа година набави над 1500. Според директорот Коцев оваа бројка е доволна за да се задоволат потребите на штипјани.
Лаура Стојанова М-Нет