
Тоа што телевизија М Нет вчера го најави, денес охридскиот прволигаш го потврди, Срѓан Захариевски е нов тренер на Воска Спорт.
50-годишниот стратег е промовиран како нов шеф на стручниот штаб на Воска Спорт, а негов помошник ќе биде 32-годишниот Сеит Крека, кој досега работеше со младинските категории во Воска Спорт, а сега влегува и во стручниот штаб на Захариевски.
Новиот тренер веќе денес го одработи и првиот тренинг со екипата, а своето деби ќе го има веќе викендот против Силекс на домашен терен.
Во својата кариера Захариевски беше тренер на Струга Трим Лум, Пелистер и Металург.
Воска Спорт е на 10. место на табелата со 20 бодови на своето конто.
Александар Ванев, М-Нет