
М-Нет телевизија добитник на првото признание за следење на културните содржини во продукцијата на НУЦК Ацо Шопов Штип. Истовремено со признанија се здобија и Медиумската државна агенција, Иван Бојаџиски за 60 години новинарска дејност, Горан Кавраков, Аристид Пецев, Ристо Донев, Тимочо Арсовски и Милорад Ангелов. За М-Нет телевизја ова е првото признание во нејзиното 15 месечно постоење, а прво и лично за долгогодишниот новинар Иван Бојаџиски.
„Нешто повеќе од една година постоење на М-Нет телевизија го добиваме првото признание и посебна чест за нас е што ова признание доаѓа од името на оваа институција и во името на великанот како што е Ацо Шопов. Јас лично силно верувам дека следната година уште повеќе ќе се засили соработката меѓу М-Нет телевизија и оваа установа“ – кажа Серсемов.
„Не ми се верува. Во овој град сум 60 години новинар. Ја работам една од најубавите и најтешки работи на светот и ова е прва награда која градот ми ја дава за мојата работа. Во мојот 60 годишен новинарски труд од 18 години почнувајќи сум напишал околу 30 илјади страници текстови. Тие се скалдирани, на чување се во многу весници и во нашата библиотека. Сум оставил некое богатство тоа е некаде пет пати повеќе отколку што напишал Шекспир“ – додаде Бојаџиски.
Освен доделување на наградите односно признанјата на настанот денеска беше отворена и реновираната соба на големиот македонски великан Ацо Шопов во истоимениот Дом на култура во Штип. Промоција се направи и на книгата на Трајче Кацаров, а свое учество земаа и студентите кои рецитираа дела од Шопов.
Настанот беше одржан во чест на одбележувањето на 98 годишнината од раѓањето на Ацо Шопов.
Лаура Стојанова М-Нет