
Македонија Ѓорче Петров и Мухарем Бајрами спогодбено се разделија, со што „лавовите“ останаа без тренер пред почетокот на третиот круг од Првата македонска фудбалска лига.
По 18 месеци заврши соработката помеѓу Македонија ЃП и Бајрами, кој со успех ги водеше „лавовите“ до втора Куп титула после 16 години.
„Соработката помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Мухарем Бајрами почна во многу деликатен период, но на крајот од минатата сезона заврши со историски успех, освојување на Купот на Македонија по вторпат или првпат после 16 години. Оваа сезона, работите не одеа на посакувото ниво, посебно во првенството, па затоа, по заедничкиот денешен разговор, спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер. За сето сработено во нашиот клуб, му се заблагодаруваме од се срце на Мухарем Бајрами и му посакуваме многу здравје, среќа и успеси во иднина“, велат од Македонија Ѓорче Петров.
Во следниот период ќе биде познат наследникот на Мухарем Бајрами.