
Во недела ќе се одиграат натпревари од последното 30. коло од Втората македонска фудбалска лига, а на телевизија М Нет ќе имате можност преку мултипренос да следите два натпревари од Кочани и Македонска Каменица.
Во Кочани ќе се одигра мечот меѓу Осогово и Пелистер, а пак во Македонска Каменица ќе се одигра дуелот меѓу Каменица Саса и Вардар Неготино.
Овие два натпревари се клучни во борбата за опстанок на Саса и Вардар Неготино. Преку мултипренос со вклучувања од Кочани и Македонска Каменица, со табела во живо ќе ја доловиме атмосферата во тешката и неизвесната борба за опстанок на Саса и Осогово, како и на Тетекс и Победа.
По завршувањето на натпреварот ќе има М Нет отворено студио во кое ќе направиме анализа на сезоната и од каде ќе известиме која екипа официјално заедно со Караорман испаѓа во Трета лига, која екипа ќе игра бараж, а кои две екипи сигурно ќе останат во Втората лига.
На телевизија М Нет и спортскиот канал М Нет Спорт, во недела од 17 часот проследете ги двата натпревари.
Александар Ванев, М-Нет