Музика под отворено небо вчеравечер во „Бавчалук“ во Кочани, свиреа учениците од музичкото училиште

Со добра музика и голема посетеност вчеравечер под отворено небо настапија членовите од музичкото училиште Sound Centar. На спортско рекреативниот центар Бавчалук во Кочани се одржа завршниот концерт. Посетителите два часа имаа можност да уживаат слушајќи домашни и странски хитови. На концертот се претставија околу 20 дечиња.

„ Ќе се претстават околу 20 деца, сега музичките точки се повеќе така на кратко можам да ви кажам дека ќе е од домашна, странска и поп, рок музика“ – вели Петров.

Професорот е задоволен од успешната учебна година. Најмалиот член во школата за гитара има само седум години.

„Учебната година помина според мене доста добро, сум задоволен и од дечињата и од повозрасните дечиња така да ги кажам според мене екстра. На почетокот на годината беше седум години сега мислам дека е осум.“ – додава Петров.

Ова музичко училиште постои една година, а учениците вчеравечер добија и дипломи за успешно завршена школска година

Лаура Стојанова, М-Нет