
Започна турнејата на престижното „Моторели Нордкап 2024 година“. Турнејата претставува еден начин на издржливост каде мотоциклите имаа за цел да поминат поголем број на киломeтри за пократко време. По поминување на првиот ден со извозени над 1000 километри основачот Момчило Хаџи Паунов на мото клубот „Желки“ од Кочани решил да го намалат интензитетот на движење поради неговата здравствена состојба.
„Ова претставува еден вид на издржливост за што пократко време да се помине што е можно повеќе километри. Тоа е регистрирано во Мотоциклистичката Федерација на Македонија каде што ние сме рамноправни членки. Со оглед на мојата здравствена состојба бидејќи почувтвував дека можам да се доведам до ризик со ситуацијата која што се најдов во 2016 година“ вели Хаџи Паунов
Момчило Хаџи Паунов вели дека временските услови не биле баш погодни. Дувало силен ветар преку 100км/ час. Па затоа биле приморани да ги наведнат моторите под агол од 45 степени за да можат да достигнат до врвот.
„Дуваше многу силен ветар преку 100 км/час, плус тоа силен дожд врнеше имаше и магла буквално моравме мотоциклите да ги наведнуваме под 45 степени за да можеме да се искачиме до врвот. Меѓутоа успеавме, потоа на враќање иако беше планирано околку 13.000 км.“ посочи Хаџи Паунов
За време на турнејата не биле забележани никакви здравствени состојби. Мотоциклите биле максилмано спремни, немало никаков дефект. Останатите колеги ги собрале пропратно бидејќи биле четворица.
„Немавме никакви проблеми ниту од здравствена природа ниту некои незгоди, дефект на некои од мотоциклите сите мотоцикли беа спремни максимално, сега вие не гледате двајца затоа што ние пропратно ги собиравме другите двајца колеги кои што беа со нас, бевме вкупно четворица“ изјави Хаџи Паунов
На турнејата кочанските „Желки“ успеале да извозат 17 држави, се возеше од север кон југ. Поминале низ Србија, Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Данска, Шведска и Норвешка, се до север до најблиската копнена точка до северниот пол Нордкап. Успеале да извозат 11.500 километри.
Лаура Стојанова, М-Нет