
Второлигашот Вардар од Неготино за новата сезона промовираше три нови засилувања, станува збор за голманот Славе Вргов, Живко Крстев и Дарко Донов.
Голманот Вргов важи за еден од најталентираните и млади респектабилни голмани, а доаѓа од редовите на Брера Струмица, каде има одлична статистика на одбрани, а тој е дел и од младинските репрезентации на Македонија.
Крстев е 19-годишен фудбалер кој е член на младинскиот тим на Брера Струмица, а изминатата сезона во младинскиот шампионат постигна дури 30 гола.
Донов на „Цвај Арената“ во Неготино доаѓа од редовите на Бреталница, а настапува на одбранбената позиција. Се работи за талентиран десен бек.
Во следните денови Вардар Неготино ќе ги промовира и останатите засилувања. Вардар Неготино имаше одлична сезона во Втората лига откако шампион во Трета лига – Југ го доби баражот со Новаци и се пласираше во Втората лига, а како повратник во второлигашкото друштво ја оствари целта, а тоа беше опстанокот.
Александар Ванев, М-Нет