Ване Јованов си замина од Брегалница, кариерата ја продолжува во хрватски Вараждин

Штипјанецот Ване Јованов во иднина нема да го носи дресот на штипска Брегалница, откако одлучи да си замине од екс прволигашот и кариерата да ја продолжи во Хрватска, каде ќе настапува за екипата на Вараждин.

25-годишниот бек минатата сезона одигра 32 натпревари, при што забележа две асистенции, а на фудбалските терени помина 2669 миунти.

Јованов потекнува од младинските погони на Академија Пандев или сега Брера Струмица, потоа настапуваше за Брегалница од Штип, заигра во Брера одново од каде продолжи во скопски Вардар, а од таму се пресели во Каменица Саса.

По заминувањето од Саса, Јованов кариерата ја продолжи во прилепска Победа, кога клубот играше во Првата лига, а по неговото испаѓање се врати одново во Брегалница.

Инаку, Брегалница минатата сезона испадна од Првата лига и веќе работи на засилување на тимот со цел да може да се врати експресно во Првата лига.

Александар Ванев, М-Нет