
На 21.12.2020 во 08.40 часот на регионалниот пат Плачковица-Карбинци, Ш.М.(39) од с.Ебеплија, општина Карбинци, управувајќи мотоцикал „МЗ-250 ЕТЗ“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Штип.