
Монтажна конструкција поставена на јавна површина во централното градско подрачје во Штип. Ова ги вознемири граѓани, кои живеат или постојано минуваат во ценатрот на градот. Прашуваат како е дозволено да се постави монтажна конструкција на тротоарска површина и дали за ова од Oпштината има дозвола. Истото ова прашање од наша страна беше доставено до надлежните инспктори во Општина Штип, комуналниот инспектор, Борче Везенков, и градежниот инспекор, Весна Зенделова. Во текот на вчерашниот ден биле на терен на лице место, потврди за М-Нет телевизија Везенков, но вели дека подетални информации треба да се побараат од градежните инспектори.
„Постојано се излегува на терен кога има дојава, градежната инспекција оди на лице место кога утврди дека има градба, или поставен објект. Во тек е целата постапка и за повеќе информации ќе треба да побарате информации од нив“ – вели Везенков.
Какви заклучоци се донесени и што е констатирано на лице место, ja прашавме и градежната инспекторка при Општина Штип, Весна Зенделова. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија истака дека денеска нема да коментира за случајот, ниту да дава информации оти денеска не е на работа. Нема одговор на новинарски прашања оти општинската админстрација и вработените во оштината не се на работа денеска, бидејќи утринава се спроведе акцијата „Генералка викенд, 2023“ година, па се собираше отпад три часа.
Инаку, по излегувањето на терен во текот на вчерашниот ден на објектот беше поставена писмена опомена во која стоеше дека објектот треба да се острани за рок од еден ден, во спротивно тоа ќе го стори Општината на трошок на сопственикот.
Денеска опомената ја немаше, а монтажната конструкција стоеше, па рокот од еден не се испочитува ниту од сопственикот, ниту од надлежните.
Лаура Стојанова М-Нет