
Од искористени вреќи, весници, копчиња учениците од средното текстилно училиште Димитар Мирасчиев Штип, изработија модни креаци кои вчеравечер беа преставени на модна ревија во Дом на млади Штип. Целата на ваквиот проект е да се упати една еко порака до сите во општеството, да се искористи целиот отпаден материјал и да се создадат нови уникатни парчиња облека.
„Овде нашите ученици имаат можност да ги искажат своите креации, вештини кои ги стекнуваат на предметот практична настава и на теоретскиот дел. Целата на овој проект е да се упати една еко порака за заштита на животната средина со што можеме да го искористиме целиот отпаден материјал и да создадеме нешто со што ние би се гордееле.“ – кажа Варадиновска.
Професор Тасева истакна дека е задоволна од направените 12 креации во рок од две недели и се надева дека ќе продолжат со изработка на вакви модели и во иднина.
„Работевме две недели на изработка на овие модели од рециклиран материјал. Направивме вкупно 12 модели користејќи различни материјали, весници, вреќи и копчиња. Така ја изработивме колекцијата под наслов „Рециклирана убавина“. Како професор на учениците кои беа вклучени во проектот сум многу задоволна и се надевам дека ќе продолжиме со многу нови модели“ – кажа Тасева.

Учениците имаа можност да соработуваат и да дизајнираат со модната дизајнерка Ирена Тошева, која истакна дека по втор пат соработува со ова средно училиште и е презадоволна
„Овој е мој вторпат како соработувам со средното текстилно училиште. Многу се радувам што дел од учениците со кои работев пред две години повторно се дел од оваа група. Целата соработка течеше многу убаво и навистина уживав. Идејдејата беше да ги искористиме текстилните остатоци од локалните фабрики кои ни ги донираа, но и да го вметнеме отпадот, оној класичниот отпад како пластични шишиња, лименки, весници и да му дадеме некоја нова вредност. Предзадоволна сум“ – кажа Тошева.
Проектот е поддржан од страна на УСАИД, по повод 30 години од соработаката со нашата држава. Дека истата продолжува се истакна и на настанот.
„Ние сме горди што сорабитуваме, пред нас има уште многу промени кои треба да се случат но работејќи заедно со вашата Влада, општеството и приватниот сектор знаеме дека можеме да продолжиме со позитивни промени со вашата држава.“
Овој настан е организиран со цел да се искористи текстилниот отпад кој останува, а со тоа да се реагира и на зачувување на чиста животна средина.
Лаура Стојанова М-Нет