
Оваа есен граѓаните од Штип и крајниот исток ќе го добијат најголемиот и единствен трговски центар Штип Сити Mол. Градежнието активности се во завршна фаза, 95% од просторот веќе е издаден, а се очекуваат нови 300 до 400 директни и индиректни вработувања.
„Во тек се завршните активности на најголемиот и најмодерен трговски центар во Источна Македонија. Молот се простира на површина од 12,750 метри квадратни со околу 30 брендиови, распоредени на пет нивоа. Работите, сите работи на трговскиот центар ги изведуваат македонски реномирани комапнии, поголем дел од Штип и околниот регион од Источна Македонија со тоа што во моментов на завршните работи работат од 100 до 150 работници во овој момент, а со звршување на трговскиот центар очекуваме вработување на 300 до 400 индиректни вработувања. “ – кажа Југов.

Со започнувањето со работа на новиот Штип сити мол граѓаните од крајниот Исток не мора да минуваат километри до главниот град за посета на трговски ценатр. Од менаџментот истакнаа дека инвестициите од 10 ипол милиони евра се очекува да достигнат до 12 милиони евра.